РУДАРСКИ ИНСТИТУТ - ЕПМ д.о.о.е.л.


SICK Анализатори и процесна технологија

Како дел од овој сектор, нашата компанија е авторизирана и сертифицирана филијала или сервис на SICK од Германија, која што компанија е светски познат производител на мерни уреди за континуиран мониторинг во хемиската, метало-преработувачката, обоената индустријата, цементарници, термоелектрани, рафинерии. Исто така, SICK обезбедува одделни делови за сите "all-in-one" систем солуциите за гасна анализа, мерења на прашина, анализи на вода и течности и ниво мерења. За да се уверите дека нашата мерна технологија е соодветна на Вашата производствена фабрика, SICK разви целосни и специјално адаптирани решенија за производствените анализи и емисискиот мониторинг.

SICK има развиена глобална мрежа на поддршка, која се состои од сите релевантни интернационални филијали или подружници, агенции, и центри за продажба, кои исто така обезбедуваат квалитетна поддршка независно од времето и местото.

Што значи дека SICK нуди in-situ и екстрактивни анализатори за гасни и течни анализи, мерни инструменти за опацитет, за мерења на количината на проток и ниво мерења.

Нашата компанија “РИ -ЕПМ” е добро екипирана со уреди т.е. Анализатори за мерење концентрација на прашина и гасови (емисија), сонди со широк спектар на испитување, мерачи на проток, мерачи на брзина, ласери за калибрација за разновидно користење, микроскопи, вршење на хемиски анализи и др.

РИ –ЕПМ има огромно и значајно искуство во реализирањето на интервенции од областа на инженерингот т.е. планирање, нарачка, монтирање и одржување на SICK уреди и системи и според тоа ние можеме да ви ги понудиме следниве услуги:

  • За Ваши потреби извршуваме комплетни решенија соодветно прикладни за квалитетно да одговорат на Вашите побарувања за набавка на опрема и нејзина монтажа;
  • Севкупен сервисен пакет, од инженеринг до сервис на опремата по продажбата;
  • Регионална продажба и прифатливи цени на уредите и резервни делови со нивна монтажа и сервис;
  • Испитување на квалитет на воздух и др.

Ние развивме решенија со цел квалитетно да одговориме на Вашите барања, обезбедуваме соодветна документација, вршиме обука, и воедно нудиме поддршка за време на инсталацијата и пуштањето во работна состојба на опремата. Сервисните техничари се тие што ќе Ви обезбедат поддршка и одржување на уредите, како и соодветно тестирање на опремата.



  • Погледни авторизација овде.
  • Преземи прашален лист овде.