Мисија и Визија
РИ-ЕПМ ја изгради својата репутација врз основа на квалитет. Нашата мисија е да станеме лидери во регионот во поглед на нашата област преку обезбедување на мерни уреди и сервис, со веќе препознатливите карактеристики, како и со поволни и прифатливи цени за нашите клиенти.
Нашата компанија може да се каже дека ја заработи својата репутација како компанија која успешно ги исполнува своите задачи и обврски од проектирање, инженерство и техничко советување т.е. се до степен на изведба, одржување и сервисирање.
Мисијата на РИ-ЕПМ во иднина е да обезбеди уште поквалитетни услуги, проектирање, инженерски услуги како и експертиза т.е. техничко советување на различни клиенти, во областите на индустријата, екологијата, земајќи ги во предвид највисоките стандарди за квалитет. Се со цел, да се одговори на високите побарувања на клиентите и да се зголемат добрите бизнис резултати, исто како и добрата мотивација и подобрувањето на работните услови за персоналот на РИ-ЕПМ.
Врвните резултати во работењето можат да бидат реализирани единствено ако се базирани врз знаење, висока технологија, напорна работа, квалификуван кадар и одлична организација. Со постојаното унапредување на знаењето на вработените и со измена на начинот на однесувањето врз основа на примената на менаџмент техниката, како и со прифаќањето и применувањето на менаџмент системот во деловната практика на РИ-ЕПМ.
Главната цел на нашата компанија е секогаш да бидеме подготвени да им излеземе во пресрет на очекувањата на нашите потрошувачи, нудејќи им беспрекорен и постојан квалитети на производи/ услуги.
Се гордееме со тоа што нашите мерни уреди се наменети за задоволување на потребите и желбите дури и на најпребирливите купувачи, а кога станува збор за односот кон крајниот потрошувач, за нас едноставно нема компромиси - довербата секогаш се темели врз двата исти основни принципи: искреност и професионалност.
Нашите клиенти во Македонија веќе РИ-ЕПМ ја препознаваат како компанија со извонредна професионалност и со висок квалитет како во извршувањето на своите задачи така и во давањето на услугите.
Нашата визија е да ги зголемиме капацитетите во обезбедувањето на нашите услуги за поширок спектар на корисници во регионот. Ние работиме напорно за да ја видите нашата компанија како водечка на пазарите во нашето опкружување т.е. во регионот.
Мисијата и Визијата всушност произлегуваат од потребите на нашиот пазар. За да се конкурира на истиот, една компанија мора да понуди висок квалитет на услуги, со цел да се избори за доверба на потрошувачите. Тоа е она што РИ-ЕПМ се обврзува да го направи. Исто така, со гордост можеме да констатираме дека денес имаме голем број на клиенти кои што ги користат нашите услуги или мерна опрема, и со кои соработуваме повеќе од 10 години.
Затоа што нашата определба е да сме компанија лидер ориентирана кон своите клиенти преку обезбедување на високо квалитетни, софистицирани мерни уреди и услуги – тоа е нашата визија за во иднина. Истата ќе се стремиме да ја оствариме преку дефинираната мисија т.е. со обезбедување на квалитетни понуди во областа на Мерно – регулациската опрема, да понудиме технички можности со одлични услуги, како и со исклучителната грижа кон нашите клиенти.
Наша долгорочна и најважна цел, е да станеме широко препознатливи по реализација на разновидната палета на мерна опрема со врвен квалитет и да се позиционираме како респектабилна и регионално релевантна компанија. Затоа што, себе си се сметаме за компанија која постојано инвестира во исполнување на очекувањата, и тоа не само кон нашите клиенти, туку и кон нашите вработени, партнери и содружници.
Ние сме целосно посветени во обезбедување на висок квалитет на услуга, гарантираме дека нашите производи т.е. уреди произведени од нашата матична т.е. производителот SICK GmbH ќе бидат сервисирани дури и по истекот на гарантниот рок.
Нашите квалификувани сервисери се подготвени да дејствуваат брзо, ефикасно и ефективно во секоја ситуација, како и брзо и ефикасно отстранување на дефектите како и при заменувањето на резервните делови на уредите. Важно е да се спомене дека сите наши уреди се произведени по светски стандарди, како што се TUV, SGS, CE, ISO и други.
Токму затоа целосно сме насочени кон квалитетно работење и раководење со ресурсите, а доказот за тоа е и воведувањето на системот за управување со квалитет, кој и во иднина ќе ни гарантира успех и нови високи деловни достигнувања.
Конечно, ние во РИ-ЕПМ постојано бараме таленти помеѓу нашите вработени и инвестираме во нивната понатамошна професионализација, како и во постојаниот развиток на нашата компанија според тековните светски трендови и стандарди.
Цврсто веруваме во тоа дека иднината што ја посакуваме ќе можеме да ја заслужиме само ако храбро и одлучно планираме во сегашноста.
Компанијата “РИ -ЕПМ” Рударски Институт д.о.о.e.л., авторизиран и овластен сервис на SICK – Германија, постои од 1988 год. како функционален дел од Рударскиот Институт од Скопје. Во август, 1997год. “РИ -ЕПМ” почнува да делува како независна компанија во приватна сопственост и која до денес постигнува важни и значајни резултати во својата област.
Како дел од овој сектор, нашата компанија е авторизирана и сертифицирана филијала или сервис на SICK од Германија, која што компанија е светски познат производител на мерни уреди за континуиран мониторинг во хемиската, метало-преработувачката, обоената индустријата, цементарници, термоелектрани, рафинерии.
РИ – ЕПМ, како авторизиран дистрибутер и сервисна поддршка на производите IM Environmental Equipment Germany GmbH – IM Еколошка опрема, нудиме мали рачни и професионални гасни анализато-ри. Овие анализатори може да се користат во индустриите за стакло, процесни индустрии и многу други, HVAC апликациите или на универзитетите.
РИ-ЕПМ е локално застапништво на Данската компанија: HYDRO-X А/Ѕ, при што сме и овластени дистрибутери и сервисери на производите на HYDRO-X. Обезбедуваме комплетен консалтинг, испорака на опрема, периодична техничка и хемиска контрола на системот во работна состојба, техничка поддршка на локалните потрошувачи.